Зголемувањето на температурите од половина степен секоја година ќе убива по 30.000 луѓе во Кина
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
За земјите што го потпишаа Парискиот договор, ограничувањето на климатските промени на 2 Целзиусови степена над прединдустриските нивоа е крајната цел, а запирањето на 1,5 степен би било уште подобро. Но, новите истражувања посочуваат дека дури и половина степен затоплување може да има страшни последици за човештвото.
Ако Земјата се загрее за 2 степена, во кинеските градови секоја година ќе умираат околу 30.000 луѓе повеќе отколку ако глобалното затоплување запре на 1,5 степен, покажува истражување објавено во „Нејчр комјуникејшнс“. Ова се лоши вести за нас и за планетата, но се приказ на реалната закана која климатските промени ја претставуваат за човештвото.
Температурите во Кина се зголемија побрзо отколку на другите места во светот. Топлотните бранови се поврзуваат со десетици илјади дополнителни смртни случаи во светот во 21 век и како што кризата со климатските промени се влошува, така се очекува животот во Кина да стане потежок.
Запирањето на глобалното затоплување на 1,5 степен ќе го зголеми бројот на смртни случаи предизвикани од жештини во кинеските градови, како и бројот на луѓе што имаат здравствени проблеми поради тоа, стои во истражувањето, во кое се сугерира дека сме во фаза кога најдоброто што можеме да го направиме е да се обидеме да ја ублажиме
штетата.
Фото: Freepik