Во Македонија лани имало над 26.700 сопственици на криптовалути

Во Македонија лани имало над 26.700 сопственици на криптовалути

Подготвил: Драгана Петрушевска

Низ светот се зголемува бројот на сопственици на криптовалути. Според анализа на компанијата за плаќање во криптовалути „Трипл-Еј“ годинава бројот на сопственици на критповалути ќе надмине 320 милиони низ светот.

Податоците покажуваат дека 63 отсто од сопствениците на криптовалути во светот се мажи, а 37 отсто се жени. Околу 72 отсто се на возраст под 34 години, а 71 отсто имаат барем основна факултетска диплома.

Последните податоци од крајот на 2021 година покажува дека најмногу сопственици на криптовалути има во САД - 46 милиони. Следуваат Индија со 27 милиони, Пакистан со 26 милиони, Нигерија со 22 милиони и Виетнам со 20 милиони.


Фото: Pixabay

Од земјите во регионот предничи Грција со 182.307 сопственици на криптовалути (1,71 отсто од населението) во 2021. Следуваат Бугарија со 169.537 сопственици (2,47 отсто), Србија со 127.461 (1,86 отсто), Хрватска со 61.553 (1,56 отсто), Босна и Херцеговина со 48.547 (1,39 отсто) и Албанија со 40.348 (1,43 отсто).

Според податоците, во 2021 во Македонија имало 26.705 сопственици на криптовалути, што е 1,26 отсто од населението.

Извор: Triple А
Насловна фотографија: Pixabay