Кина ќе го заузди користењето на технологијата за препознавање лица во училиштата
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кина планира да го заузди и да го регулира користењето на технологијата за препознавање лица во училиштата - изненадувачки потег во корист на приватноста за нација која е позната по инвазивното набљудување на своите граѓани.
- Треба да бидеме многу внимателни кога станува збор за личните информации на учениците. Не собирајте ги ако не е неопходно и обидувајте се да собирате што е можно помалку ако веќе морате - истакна Леј Чаоѕе, директор за наука и технологија при кинеското министерство за образование.
Одлуката на Кина за контрола на технологијата доаѓа по само неколку дена откако граѓаните се побунија против пилот-проектот на кинескиот фармацевтски универзитет, кој користел систем за препознавање лица за да ги следи присуството и однесувањето на студентите.
Проектот на овој универзитет создава грижи и за безбедноста на податоците и за личната приватност, смета Чаоѕе, кој истакнува дека министерството за образование почнало да посветува
внимание на ова.