Фотографии од римски императори направени со помош на „Фотошоп“ и вештачка интелигенција
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Извајаните бисти ни даваат идеја како изгледале античките римски императори, но што ако тие позирале за фотопортрети? Токму тоа го истражува дизајнерот/кинематографер Даниел Вошарт, користејќи вештачка интелигенција и „Фотошоп“ за неговиот проект „Римски император“.
Откако собрал 800 слики од бисти што ги нашол на интернет, Вошарт ја искористи алатката „Артбридер“, историски истражувања и неговите фотошоп-вештини, за да создаде реални портрети од 54 императори од принципатот.
- Уметничките толкувања се повеќе уметност отколку наука, но јас се обидов да го создадам нивниот изглед (коса, очи, етничка припадност) според историските текстови и моментите. Се обидов да ги остарам според годината на нивната смрт и нивниот изглед пред некоја голема болест - вели тој.
Август
Неговата цел била да обезбеди најточен преглед на тоа како изгледал императорот за време на неговото владеење, што е прилично тешко со оглед на пристрасната природа на овие видови скулптури.
Тибериј
- Мојата цел не беше да ги романтизирам императорите или да ги направам да изгледаат херојски. При изборот на бистата/скулптурите мојот пристап беше да ја искористам бистата што била направена додека владетелот бил жив. Ја зедов онаа биста што била направена од најдобрите занаетчии каде што царот бил стереотипно погрд - мојата теорија е дека уметниците тогаш намерно ги правеле поубави - додава тој.
За императорите што немаат бисти, Вошарт се насочил кон тоа како тие биле прикажани на монетите.
Откако ги завршил сите портрети, тој ги поставил на овој фасцинантен принт.
Кликнете за да ја зголемите резолуцијата
Фото: Voshart.com