Прибежишта за животни, лековита паста за заби... Интересни факти за Јапонија
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Јапонија е една од најневеројатните земји во светот, каде што вековните традиции опстојуваат заедно со технолошките иновации. Во продолжение се дадени неколку интересни факти за оваа земја, која е многу различна од другите земји во светот.
1. Детални упатства
Јапонија е полна со водичи и прирачници. Тие се толку детални, што дури и странците можат да ги разберат. Преведени се на англиски јазик и за да биде што е можно појасно, има и илустрации.
2. Немаат посебни имиња за месеците
Наместо да имаат различни имиња за месеците, како и остатокот од светот, Јапонците ги нарекуваат по сериски броеви. На пример, септември е кугатсу, што едноставно значи „9. месец“.
3. Компании со илјадагодишна историја
Јапонија е полна со компании што навистина можат да се наречат антички. Тоа е така затоа што имотните права во земјата се многу строги. Еден таков пример е традиционалниот хотел „Хоши Ројкан“. Оваа компанија постои од 718 година, а ја воделе 46 генерации од истото семејство.
Фото: Freepik
4. Прекрасни прибежишта за диви животни
Меѓу овие прекрасни прибежишта за диви животни е и селото Зао Фокс во префектурата Мијаги, која се наоѓа на островот Хоншу. Ова прибежиште е преполно со диви лисици и секој (освен мали деца) може да го посети и да ги нахрани животните.
5. Еден систем за предупредување на сите мобилни телефони
Освен националниот систем „Џи-алерт“ што ѝ овозможува на владата да ги предупредува граѓаните преку медиумите и звучниците, постои и систем за предупредување преку СМС. Вграден е во секој модерен мобилен телефон, а во случај на вонредна состојба им дозволува на локалните власти да ги предупредат сите во регионот за 4 до 20 секунди.
6. Огромна разновидност на храна
Во
Јапонија можете да најдете сè - од традиционални палачинки до сакура со арома на чоколадни бонбони! Уште повеќе, наскоро ќе отвори кафуле за обожавателите на лего, каде што клиентите ќе имаат можност да јадат храна што личи на лего-коцки.
7. Зеленчукот изгледа како уметничко дело
Во Јапонија е раширена и таканаречената уметност на мукимоно (или резбање зеленчук). Секој регион има своја тематика. Постои специјален нож за резбање кој првично се користел за обликување на морска храна, како и специфични шаблони.
8. Лековита паста за заби
Јапонскиот научник Казуе Јамагиши измислил паста за заби што може да ги поправи вдлабнатините и малите пукнатини на забите - брзо и безболно. Прво, супстанцијата што ја има во пастата ја разлабавува површината на забот, а по 3 минути пастата се кристализира и вештачкиот материјал станува цврст.
9. Изобилство на чудни пронајдоци
Јапонија е позната по своите чудни, но фасцинантни пронајдоци за јавна употреба. На пример, уреди што ги прават усните подебели, додаток за паметен телефон што ќе ви овозможи виртуелно да ја бакнувате вашата сакана, перница во форма на женски колена и што уште не. Ова се само некои од многуте чудни работи што ги имаат Јапонците на нивниот пазар.
Фото: Freepik