Вработување во АЦ Електрик Тек ДОО ( ACE Tech )...Плата од 30.000 до 50.000 денари
АЦ Електрик Тек ДОО ( ACE Tech ), компанија која се занимава со автоматизација на машини за автомобилска индустрија, R&D, дизајн во CATIA, склопување и програмирање, вработува електро инженер.
1. Електро инженер / PLC програмер - 1 лице
Вработениот ќе биде директно вклучен во проектирање и решавање на инженерски електро-софтверски проблеми и практична реализација на истите дома и во странство.
Вработените ќе имаат можност да работат на:
- Програмирање PLC и SCADA,
- Енергетски дизајн во E-PLAN,
- Изработка на електрични ормари,
Предност при изборот ќе имаат кандидатите со:
- Познавање на Beckhoff, Siemens PLC контролери,
- Завршен електро факултет
- Возачка дозвола Б категорија
Основна плата: 30,000 - 50,000 денари
Нудиме одлична работна атмосфера, можност за личен и стручен развој под менторство на искусни професионалци, работа со современи технологии.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават своја кратка биографија (CV) на office@acelectric.mk
Огласот трае 7 дена од денот на објавувањето.