Ова се „најопасните“ славни личности за пребарување на интернет

Ова се „најопасните“ славни личности за пребарување на интернет

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Пејачката и текстописец Адел е најопасната славна личност, барем кога станува збор за безбедноста на интернет. Според ново истражување спроведено од компанијата „Мекафи“, Адел привлекува најризични резултати во пребарувањето на интернет. Ваквите резултати може да доведат до инсталирање на штетен софтвер на уредите на корисниците.

Адел е многу популарна поради нејзиниот музички талент, но според истражувањето, таа привлекла особен интерес поради нејзината телесна промена.



Но таа не е единствената опасна славна личност за пребарување на интернет. Чарли Дамелио, ѕвезда на „Тик-ток“, и Бијонсе се наоѓаат на листата со најопасни славни личности за пребарување.

Голем дел од опасните резултати што ги користат имињата на славните личности за да привлечат посети се лажни веб-страници што нудат бесплатна содржина што може да ги намами корисниците да инсталираат софтвер за крадење лични податоци или таков што прави друга штета.

На листата со најопасни славни личности за пребарување на интернет се наоѓаат и Ана Кендрик, Дрејк, Кера Делевињ, Алиша Киз, Аврил Лавињ и Камила Кабејо.

Како да бидете безбедни на интернет? Има неколку начини како да се заштитите при пребарувањето. Бидете внимателни кога кликнувате на веб-страниците, не преземајте нешто за што не сте сигурни дека е безбедно и користете антивирусна заштита.

Автор: Анастасија Санторенеос
Извор: finance.yahoo.com