Како се подготвува и чува храна во подморница?

Како се подготвува и чува храна во подморница?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Дали знаете дека факторот што ограничува колку долго една подморница може да остане под вода е апетитот на екипажот? Американска морнарска нуклеарна подморница може со години да произведува и воздух и вода од морската вода. Сепак, она што не може да го набавува со години е храната.

Затоа подморниците мора често да прават набавки. Еден јутјубер решил да нè понесе на тура во кујната и замрзнувачот на една таква подморница за да ни стане појасно како се чува и подготвува храната.

Па, што јадат војниците во подморницата? Излегува дека јадат многу месо, моцарела и халапењо пиперчиња. Екипажот мора да нарача храна врз основа на тоа каде ќе биде, што е предизвик бидејќи шефот мора да го адаптира менито. За тоа е потребно многу мислење предвреме. И според вработените во кујната, екипажот е прилично гласен кога не му се допаѓа храната, па тоа е дополнителен притисок за готвење вкусни јадења.

Погледнете го видеото и дознајте уште интересни информации.



Фото: Pixabay