Научникот Бил Нај на едноставен начин докажува дека треба да носиме маски

Научникот Бил Нај на едноставен начин докажува дека треба да носиме маски

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Пандемијата продолжува да го опустошува светот, а ние, луѓето, продолжуваме да придонесуваме за ширењето на коронавирусот, одбивајќи да следиме едноставни правила како што е ставањето парче ткаенина на лицето.

На познатиот американски научник Бил Нај официјално му е доста од луѓето што се против маските. Минатата недела тој постави видео на „Тик-ток“ каде што користи секојдневни предмети и едноставен јазик за да објасни зошто маските го забавуваат ширењето на коронавирусот и спасуваат животи.

За само 4 дена видеото беше прегледано речиси 14 милиони пати.

- Ова е мапа од САД. Црвената боја покажува каде луѓето носат маски, а црната покажува каде луѓето се разболуваат од Ковид-19. Се надевам дека можете да видите - колку помалку маски, толку повеќе болни. Постои перцепција дека вирусот може да патува низ влакната од маската, како оваа црвена точка. Вирусите не патуваат сами. Не, тие патуваат во малечки капки од плукање и од слузот од носот. А влакната од маската се заплеткани. Така што, кога капката влегува во маската, таа заглавува. Не е тешко да се разбере. Затоа, ве молам, носете маски - вели тој.

@billnye

I don’t know who needs to hear this but... #masks work. Wear one. Carry on... #tiktokpartner #learnontiktok

♬ original sound - Bill Nye
Извор: Bored Panda
Фото: Screenshot/Tiktok