Кинескиот суперавтомобил „јангванг У9“ може да прескокнува пречки

Кинескиот суперавтомобил „јангванг У9“ може да прескокнува пречки

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Првпат претставен минатата година, суперавтомобилот „јангванг У9“ на кинеската компанија „БЈД“ ја имаше својата меѓународна премиера на најголемиот технолошки саем во светот ЦЕС во Лас Вегас.

Во демо-видеото што го објави, автомобилот се движи без возач низ тест-патеката, прескокнувајќи различни препреки, како што се големи дупки на патот исполнети со вода или метални шилци дизајнирани да го запрат возилото.

„Јангванг“ е бренд на луксузни електрични возила на компанијата, а У9 е вториот модел во серијата. Моделот У8 стана познат во 2023 година по способноста да лебди на вода, додека У9 сега привлече внимание со својата иновативна хидраулична суспензија. Оваа технологија му овозможува да изведува неверојатни подвизи, како што се скокање, па дури и „танцување“.

Во видеото У9 се движи по тест-патеката со брзина од 120 км/ч, без возач. Неговиот прв предизвик е голема дупка на патот, долга два и пол метри и исполнета со вода. Како што се приближува возилото, суспензијата го крева во воздух, овозможувајќи му лесно да скокне повеќе од шест метри. Следната пречка, метални шилци високи три и пол сантиметри, исто така лесно ја совлада.


Електричниот суперавтомобил беше официјално лансиран во февруари 2024 година во Кина, со почетна цена од 1,68 милиони јуани (околу 222.000 евра). Испораките почнаа во август, шест месеци по премиерата. Овој спортски модел може да забрза од 0 до 100 километри на час за само 2,36 секунди.

Извор: autonet.bug.hr

Фото: YouTube screenshot