Необично барање: Затвореник осуден на смрт бара да биде погубен што е можно поскоро
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Човек од Аризона, осуден на смрт речиси две децении, има необично барање до највисокиот суд во државата - да го погубат што е можно побрзо.
Генерално, адвокатите на затворениците осудени на смрт се обидуваат да ги одложат нивните егзекуции што е можно подолго. Но, 53-годишниот Арон Гунчес побарал од Врховниот суд да го забрза неговото одамна задоцнето погубување.
Во 2004 година Ганчес се изјаснил како виновен за убиството на Тед Прајс, поранешен сопруг на неговата тогашна девојка, поради насилната расправија со неа. Човекот прво бил осуден на смртна казна во 2008 година, но подоцна казната била одложена за 2010 година поради процедурални грешки.
На крајот бил повторно осуден во 2013 година и првпат почнал да бара да го погубат во ноември 2022 година - откако беше избран сегашниот јавен обвинител на државата Крис Мејс, кој вети дека ќе ги суспендира егзекуциите во очекување ревизија на смртната казна во државата со оглед на тоа што во 2014 година смртта на еден затвореник со смртоносна инјекција била толку неуспешна што биле потребни два часа за да се заврши.
Сега, единствена пречка меѓу човекот и неговото посакувано погубување е тестирањето на пентобарбитал што ќе се користи како смртоносна инјекција. Но, останува нејасно кога конечно ќе му се исполни неговата желба.
Извор:
Futurism.com
Фото: Freepik