Погледнете го новото метро во престолнината на Саудиска Арабија

Погледнете го новото метро во престолнината на Саудиска Арабија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во Ријад, главниот и најголем град на Саудиска Арабија, кон крајот на 2024 година беше пуштено во употреба метро вредно 22,5 милијарди долари. Освен што е исклучително важен проект што ќе го растовари сообраќајот во градот, Саудиска Арабија со него покажа дека ги поместува границите на градежништвото и архитектурата.

Станува збор за најдолгото автономно метро во светот, а системот во моментов се состои од 6 линии што поврзуваат 85 станици со вкупна должина од 176 километри.




Ова е втор метро-систем во Саудиска Арабија, по метрото „Ал Машаер Ал Мугадаш“ во Мека. Ова е четврто метро на Арапскиот Полуостров, шесто во арапскиот свет и петнаесетто на Блискиот Исток. Во проектот беа инвестирани импресивни 22,5 милијарди долари.

1
Фото: Wikipedia

Иако проектот е новост за остатокот од светот, првите чекори за изградба на метро во срцето на пустината беа направени уште во 2013 година, кога беа избрани трите најголеми светски конзорциуми за негова изградба. Првично изградбата требаше да започне во 2014 година и да трае најмногу четири години. Но, четири години подоцна, принцот Фајсал бин Бандар изјави дека проектот е завршен само 68 отсто. Истата година, министерот за економија Мохамад Ал Тувјари изјави дека првите возови ќе сообраќаат во 2019 година, а метрото целосно ќе започне со работа пред 2021 година.

На крај, кралот Салман официјално ги отвори првите линии кон крајот на минатата година, на 27 ноември 2024 година.

Овој комплексен проект е дело на „Заха Хадид архитектс“ и германската компанија „Гербер Архитектен“, но во него беа вклучени и други реномирани архитекти.

2
Фото: Wikipedia

Обвиненија за корупција и уапсен принц


И покрај очекуваниот сјај на ова неверојатно парче инфраструктура што изгледа како вселенски брод, проектот не е толку блескав како што изгледа со оглед на тоа што изградбата беше проследена со сериозни обвинувања за корупција.

Во 2017 година принцот Турки бих Абдула Ал Сауд беше уапсен како дел од голема истрага, осомничен за доделување градежни договори на негови компании. На крај беше осуден на 17 години затвор.


Извор: Forbes.n1info.hr
Фото: Zaha Architects