Експертите предупредуваат: Паниката околу коронавирусот може да биде полоша од самата болест
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Објава на експерт за инфективни болести стана вирална откако тој предупреди дека претераните реакции на луѓето на ширењето на коронавирусот би можеле да направат поголема штета од самата болест.
Абду Шаркави, лекар и експерт од Универзитетот во Торонто, Канада, напиша дека болеста е навистина опасна, но дека често мерките за запирање на вирусот што се преземаат само поради сопствен интерес се покажуваат како полоши.
Во неговата објава, која е споделена стотици илјади пати откако тој ја напиша, се критикува „фасцинантната спирала на паника“, која тој ја забележал во светот додека се зголемува бројот на
заболени.
- Не се плашам од Ковид-19. Се плашам од загубата на разумот и бранот на страв кој ги наведе широките маси во фасцинантна спирала на паника, насобирајќи безобразни количини на сѐ што би можело да се стави во скривалиште од бомбардирање адекватно на постапокалитичен свет. Се плашам од Н95 маските, кои се крадат од болниците и клиниките за итна нега каде што навистина се потребни за здравствените работници од првите борбени редови и се однесени на аеродромите, во трговските и во кафулињата, одржувајќи уште повеќе страв и сомнеж. Се плашам дека нашите болници ќе бидат совладани од сите што мислат дека веројатно не се заразени, но може да се проверат без оглед на сѐ бидејќи никогаш не се знае... и оние со срцеви маани, емфизем, пневмонија и удари ќе ја платат цената за
преполните чекалници во ургентните центри - напиша тој.
Освен што ги критикува индивидуалните постапки, Шаркави предупредува и на претерано ревносните постапки на владите, како рестрикција на патувањата и трговијата, што ќе ги попречи животите на луѓето и економскиот раст.
- Но, најмногу се плашам од тоа каква порака им испраќаме на нашите деца кога сме соочени со закана. Наместо разум, рационалност, слободоумност и алтруизам, ние им кажуваме да паничат, да бидат страшливи, сомничави, реакционери и заинтересиран за сопствените интереси - пишува тој.
Меѓународното патување е тешко погодено од епидемијата. Шаркави заклучува дека иако
коронавирусот ќе биде штетен за постарите и оние со послаб имунолошки систем, факт е дека вирусот веројатно нема да направи голема штета кога ќе пристигне.
- Но нашите однесувања од типот „борба за себеси пред сѐ“ може да се докажат како катастрофални - наведува тој.
Насловна фотографија: Pixabay