Кој е најдобриот период за јадење во текот на денот? Науката открива клучен фактор за слабеење

Кој е најдобриот период за јадење во текот на денот? Науката открива клучен фактор за слабеење

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Прекумерната телесна тежина и дебелината стануваат сериозен здравствен проблем. Овие состојби не само што влијаат врз физичката активност и работната ефикасност, туку се и водечка причина за најчестите болести и смртност. Со години луѓето се обидуваат да ослабат со различни популарни диети: палео, кето, диети базирани на грејпфрут или детоксикација, но повеќето не даваат долгорочни резултати.

Физичката активност, иако е корисна за здравјето, не е доволна сама по себе за значително слабеење. Единствениот докажано ефикасен метод за намалување на тежината е калорискиот дефицит, односно внесување помалку калории отколку што телото троши. Но, проблемот е што овој режим е тешко одржлив на долг рок. Ограничувањето на одредени видови храна или постојаното чувство на глад често доведува до прејадување.

Научниците велат дека можното е решение за овој проблем не во тоа што јадеме, туку кога јадеме.

Најдобро време за јадење според науката


Новите истражувања покажуваат дека човековото тело не обработува храна на ист начин во текот на денот. Биоритамот игра клучна улога во метаболизмот, што значи дека времето кога ги внесуваме калориите има големо влијание врз слабеењето и општото здравје.

Најдобрите резултати во слабеењето се постигнуваат кога повеќето дневни калории се внесуваат во првата половина на денот.

Истражувањата покажуваат дека повремениот пост (периоди на гладување во текот на денот) и ограничено време за јадење имаат многу здравствени предности. Една стратегија е јадење во одреден временски период, најчесто во првата половина на денот.

1
Фото: Freepik

Некои истражувања откриле дека луѓето што ја применувале оваа метода изгубиле тежина без значително намалување на вкупниот број внесени калории. Докажано е дека ограничувањето на времето за јадење го намалува крвниот притисок, го подобрува нивото на шеќер во крвта, ја подобрува инсулинската чувствителност, го намалува воспалението во телото и го намалува процентот на телесни масти.

Истражување со возрасни мажи открива дека оние што јаделе порано во денот имале пониски нивоа на хормонот грелин (одговорен за глад) и подобрена регулација на шеќерот во крвта. Друго истражување покажало дека јадењето рано го намалува телесниот индекс на масти, телесната тежина и го подобрува метаболизмот.

Клиничко истражување во кое биле вклучени жени открило дека тие што главниот оброк го имале наутро изгубиле повеќе килограми и масти, имале подобар баланс на шеќер во крвта и намалено воспаление.

Истражување во кое учествувале жени со прекумерна тежина во кое едната група консумирала 700 калории наутро, 500 калории за ручек и 200 калории за вечера, додека другата група имала обратен редослед (најмногу калории навечер), покажало дека првата група изгубила повеќе килограми, имала подобро ниво на шеќер во крвта и значително помала желба за храна во текот на денот.

Кога е најдобро време за јадење?


Најновите податоци покажуваат дека јадењето на главниот оброк наутро, а не навечер, е клучно за слабеење и подобро здравје. Прескокнувањето на појадокот и внесувањето најголем дел од калориите во вечерните часови го забавува метаболизмот, предизвикува глад и поттикнува зголемување на телесната тежина.

Ако сте навикнати да јадете мал појадок или да го прескокнувате, можеби е време да размислите за промена. Запомнете го ова правило: „Јади појадок како крал, ручек како принц, а вечера како сиромав“.

Извор: Psychologytoday.com
Фото: Freepik