Сите ние сме белата насловна страница на италијанското списание „Вог“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кога во јануари 2015 година се случи масакрот во париската редакција на магазинот „Шарли Ебдо“, социјалните мрежи беа преплавени со хаштагот #JeSuisCharlie како сочувство кон жртвите, но и како моќен потсетник дека слободата е на мета.
Пет години подоцна заканата не доаѓа од оружје, туку од човечки контакт - сите ние, досегашниот поим за слобода го заменивме со поимот „социјално дистанцирање“ и тоа стана новата љубезност.
Во таквата социјална клима - кога сите важни културни, уметнички, спортски и модни случувања се откажани, дали има смисла списанието да прикажува гламур за време на пандемијата?
Редакцијата на италијанскиот престижен магазин „
Вог“ на неодамнешниот инстаграм-пост го најави новиот број и даде прецизен одговор на прашањето погоре.
- Во својата долга историја што се простира на период подолг од еден век, „Вог“ помина низ војни, кризи, терористички напади. Во својата најблагородна традиција никогаш не го тргна погледот од она што се случува.
View this post on Instagram
The Vogue Italia April Issue will be out next Friday 10th. 🤍🤍🤍 “In its long history stretching back over a hundred years, Vogue has come through wars, crises, acts of terrorism. Its noblest tradition is never to look the other way. Just under two weeks ago, we were about to print an issue that we had been planning for some time, and which also involved L’Uomo Vogue in a twin project. But to speak of anything else – while people are dying, doctors and nurses are risking their lives and the world is changing forever – is not the DNA of Vogue Italia. Accordingly, we shelved our project and started from scratch. The decision to print a completely white cover for the first time in our history is not because there was any lack of images – quite the opposite. We chose it because white signifies many things at the same time. 🤍🤍🤍 White is first of all respect. White is rebirth, the light after darkness, the sum of all colours. White is the colour of the uniforms worn by those who put their own lives on the line to save ours. It represents space and time to think, as well as to stay silent. White is for those who are filling this empty time and space with ideas, thoughts, stories, lines of verse, music and care for others. White recalls when, after the crisis of 1929, this immaculate colour was adopted for clothes as an expression of purity in the present, and of hope in the future. Above all: white is not surrender, but a blank sheet waiting to be written, the title page of a new story that is about to begin.” #EmanueleFarneti @EFarneti #imagine #FarAwaySoClose #WhiteCanvas --- Read the full Editor’s letter via link in bio. Full credits: Editor in chief @Efarneti Creative director @FerdinandoVerderi
A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia) on
Пред само две недели планиравме да испечатиме издание што долго време го планиравме. Но, да се зборува за што било додека луѓето умираат, медицинските професионалци ги ризикуваат своите животи и светот засекогаш се менува, не е во нашата ДНК. Според тоа, го архивиравме она што го направивме и почнавме од нула. Одлуката да ставиме целосно бела насловна страница првпат во историјата не беше затоа што немаме слики, туку напротив. Го избравме ова затоа што белото означува многу работи истовремено.
Белата е израз на почит.
Белата е повторно раѓање, светло по темнината, збир на сите бои.
Белата е бојата на униформите што ги ставија нашите животи пред нивните.
Таа претставува простор и време за размислување, како и за молчење.
Белата е за оние што го исполнуваат ова празно време и простор со идеи, мисли, приказни, стихови, музика и грижа за другите.
Белата евоцира спомени кога, по кризата во 1929 година, оваа беспрекорна боја беше прифатена како израз на чистота во сегашноста и надеж во иднината.
Пред сè: белото не е предавање, туку празен лист што чека да биде напишан, насловна страница за нова приказна што ќе почне.
Авторот на овие зборови е главниот уредник Емануел Фарнети, кој додаде дека за новиот план на актуелното издание имал три цели: сите заедно да го замислат животот по пандемијата без самосожалување, да ги собере сите уметници кои од својата изолација ќе покажат како изгледа животот во овој нов светски поредок, и на крај, да испратат силна порака со неконвенционална насловна страница.