Фотографот кој ја направи „најгледаната фотографија на сите времиња“ се кае поради една работа

Фотографот кој ја направи „најгледаната фотографија на сите времиња“ се кае поради една работа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Фотографот Чарлс О’Рир ја направи најгледаната фотографија во историјата, но поради една работа денес се кае.

О’Рир ја направил оваа фотографија во јануари 1996 година, додека бил на пат да ја посети својата сопруга Дафни Ларкин.

Тој возел од својот дом во Сент Хелена, Калифорнија, кон Ларкин во округот Марин, и истакнал дека често застанувал за да фотографира бидејќи пејзажот по патот бил многу убав.

Фотографијата, која подоцна доби наслов „блаженство“ (Bliss), прикажува сликовит поглед на зелени ридови што се прелеваат еден во друг, придружени со брановидно сино небо и бели облаци како памук.

Неговата фотографија завршила кај основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој ја искористил како заднина за оперативниот систем „Виндоус ХП“, откако компанијата на Гејтс ја откупила во 1998 година. Токму тука започнува неговото каење.

Иако точната сума не е објавена, се смета дека „Мајкрософт“ платил нешто над 100.000 долари за фотографијата. Сепак, О’Рир подоцна изразил каење што не преговарал подобро.

- Да знаев дека фотографијата ќе стане толку позната и дека ќе се појави на толку компјутери, ќе преговарав подобро и ќе им речев да ми даваат по еден цент секогаш кога некој ќе ја види фотографијата. Ќе беше одличен договор - вели тој.

Извор: Klix.ba
Фото: Charles O'Rear