Заштитна маска за лице направена со техниката оригами
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Хепишилд“ е нова
заштитна маска која се витка со традиционалната техника оригами. Разликата е во тоа што маската е направена од пластика наместо од хартија, како што е случајот со најголемиот дел предмети направени со оригами.
Новата маска би требало да го направи побрзо и подостапно масовното производство на овие заштитни маски што ги користат лицата кои се во контакт со пациенти, но и за други намени.
Маската нуди целосна заштита и може да се приспособува на тој што ја носи.
Извор: mashable.com
Фото: Instagram