Првата Американка во вселената стана прва жена што стигна до најдлабоката точка во океанот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кети Саливан, астронаут на НАСА, влезе во историјата викендов со тоа што стана првата жена што стигна до најдлабоката точка во светските океани и првиот човек што бил и во вселената и на таа длабочина во океанот. За да го одбележи настанот, Саливан разговараше со астронаути во Меѓународната вселенска станица додека беше во подморницата.
Во 1983 г. Саливан беше првата Американка во
вселената. Сега е осмата личност што стигна до најдлабоката точка во светските океани, што се наоѓа на длабочина од 11 километри од површината на океанот.
Првите луѓе што стигнале до оваа длабочина се Дон Валш и Жак Пикар во 1960 г. Холивудскиот режисер Џејмс Камерун се симна до точката во 2012.
За споредба, Меѓународната вселенска станица кружи околу Земјата на височина од околу 400 километри. За Саливан, пристигнувањето на најдлабоката точка во океанот било незаборавно, но уживала и да прави споредба со колегите на Меѓународната вселенска станица.
Автор: Мајкл Вердон
Извор:
robbreport.com