Елиф Елмас се најде меѓу топ-10 најдобри млади играчи на Европското првенство
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Одложеното Европско првенство 2020 година конечно почнува в петок и има голем број таленти меѓу 24. екипи. Сите веќе знаат за Килијан Мбапе од Франција, Фил Фоден од Англија и Жоао Феликс од Португалија.
Но, кои се другите млади играчи што имаат огромен потенцијал и претендираат да бидат извонредни?
Норвешкиот фудбалски експерт Тор-Кристијан Карлсен споделува кои топ-10 фудбалери под 23 години имаат потенцијал да бидат одлични на ова
Европско првенство, а меѓу нив е и нашиот Елиф Елмас.
Како што пишува, 21-годишнио Елиф, и покрај неговите години, веќе има 27 настапи за сениорската репрезентација на Македонија и игра во среден ред. Тој е вешт во шеснаесетникот и одличен финишер кога ќе се најде на крајот од нафрлања. Токму тој го постигна победничкиот гол во славната победа 2:1 против Германија во март.
Неговата клупска кариера почнува како дебитант во „Работнички“ во 2015 година, на возраст од 16 години. Во 2017 година Елмас потпишува петгодишен договор со турскиот „Фенербахче“. Неговото деби за „Фенербахче“ го одиграл на 28 јануари 2018 година. Во јули 2019 година Елмас потпиша петгодишен договор со „Наполи“, а неговото деби го направил на 24 август.
Еве како изгледа листата на топ-10 најдобри млади играчи помлади од 23 години на ова Европско првенство:
1. Алесандро Бастони, 22 години, Италија
2. Нуно Мендес, 18 години, Португалија
3. Џереми Доку, 19 години, Белгија
4. Ерик Гарсија, 20 години, Шпанија
5. Маркус Турам, 23 години, Франција
6. Адам Хложек, 18 години, Чешка
7. Тен Копмеинерс, 23 години, Холандија
8. Елиф Елмас, 21 година, Македонија
9. Дониел Мален, 22 години, Холандија
10. Илија Забрани, 18 години, Украина
Извор:
Espn.com
Фото:
Wikipedia