Погледнете ја куќата под земја што вреди 2,2 милиона долари
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Необична и шарена куќа во Бафало, Тексас, им го привлече вниманието на интернет-корисниците. Куќата е целосно под земја и има 3 спални, 2 бањи и 3 дополнителни простории.
Моментално се продава за неверојатни 2,2 милиона долари. За да влезете, треба да поминете низ таканаречена хобит-дупка, која е нацртана да изгледа како тунел од тули. Внатре веднаш сте „бомбардирани“ од светли бои.
Секоја соба има уникатна тема и е различно дизајнирана.
Тој што ќе се одлучи да ја купи не купува само
подземен дом. Имотот вклучува и надземни градби што се простираат на 14 хектари земја, како и гаража и работилница. Во близина на градбите има и езерце.
Агентот за недвижности Тери Александер вели дека сопственикот на имотот ги имал предвид приватноста и безбедноста кога го градел домот, а бил свесен дека е потребна заштита од бури и торнада што се чести во оваа област.
- Куќата е градена во рид. Бил ископан ридот, била направена конструкцијата, изградена и потоа повторно покриена - објаснува Тери.
Иако куќата е под земја, не предизвикува клаустрофобија: таванот во собите е висок над 7,6 метри.
Најдобро е тоа што куќата е целосно самоодржлива. Користи вода од бунарот што се наоѓа на имотот, има свој систем за вода и септички систем, и генератор што може да го напојува домот со струја цели 2 недели.
Извор:
Bored Panda
Фото:
Terri Alexander