„Нетфликс“ објави трејлер за долгоочекуваниот филм на Дејвид Финчер

„Нетфликс“ објави трејлер за долгоочекуваниот филм на Дејвид Финчер

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Долгото чекање на новиот филм на Дејвид Финчер конечно заврши благодарение на првиот трејлер за „Манк“, кој „Нетфликс“ неодамна го објави. Се предвидува дека „Манк“ има прилично добри шанси за „Оскар“ оваа година, а ќе има и премиера во кино пред да стигне на стриминг-платформата во декември.

„Манк“ е долготраен страстен проект на Финчер, со оглед на тоа што неговиот татко Џек го напишал сценариото пред да почине, во април 2003 година. Приказната е насочена кон Херман Џ. Манкевиц, кој бил косценарист на оскаровецот „Граѓанинот Кејн“ додека ги надминувал неговите лични и професионални битки за да го заврши сценариото за драмата на Орсон Велс. Том Бурк ја толкува улогата на Велс, а дел од актерската екипа се и Аманда Сејфрид како Марион Дејвис, Чарлс Денс како Вилијам Рендолф Херст, Том Пелфри како Џозеф Манкевиц и Лили Колинс како секретарката на Манк, Рита Александар.

Премиерата на филмот на „Нетфликс“ е на 4 декември, додека ограничената кинопремиера е планирана за ноември.





Извор: Indiwire.com
Фото: Screenshot/YouTube