Режисерот на „Игра со лигни“ потврди дека ќе се снима втора сезона

Режисерот на „Игра со лигни“ потврди дека ќе се снима втора сезона

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Режисерот и писател Хванг Донг-Хјук рече дека не му останало избор освен да направи втора сезона по глобалната популарност на дистописката драма.

Шоуто наиде на светски признанија по неговата премиера, привлекувајќи 111 милиони гледачи, според податоците на „Нетфликс.

Серијата следи очајни натпреварувачи кои учествуваат во игри во кои борбата е за живот. Сето ова се смета за остра аналогија на капиталистичкото општество.

- Имаше толку голем притисок, толку голема побарувачка и толку многу љубов за втора сезона. Во моментов сум во процес на планирање. Но, сметам дека е премногу рано да се каже кога и како ќе се случи. Можам да ви го ветам само ова - Ги-хун ќе се врати и ќе направи нешто за светот - вели режисерот.

Се смета дека „Игра со лигни“  е најголемата серија во историјата на „Нетфликс“. Сериите во Кореја обично се ограничени на една сезона, но „Игра со лигни 2“ е одраз на гладот на светот за пожестоки социјални коментари на Донг-Хујк.

Извор: Euronews.com
Фото: Screenshot/YouTube