Средношколка доби награда од 250.000 долари за едноставно објаснување на концепт од квантна физика
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Седумнаесетгодишната средношколка Меријам Тсегаје од Алберта, Канада, победи на голем научен натпревар благодарение на видео во кое едноставно го објаснува концептот квантно тунелирање.
Квантното тунелирање претставува квантен феномен во кој електроните може да се пробијат преку „тунели“ низ пречки кои не би можеле да ги поминат гледано од перспектива на класичната
физика. Меријам го објаснува овој концепт споредувајќи го со мамењето во видеоигрите од страна на нејзиниот брат, со тоа што му овозможува на неговиот лик да помине низ ѕидови во играта.
Меријам ќе добие стипендија за студирање во вредност од 250.000 долари за наградата, а парични награди ќе добијат и нејзиниот професор по физика и училиштето.
На натпреварот оваа година учествувале над 5.600 ученици на возраст од 13 до 18 години од 124 земји.
Автор: Питер Докрил
Извор:
sciencealert.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube