Мадрид немал толку снег уште од 1963 година: Снежни топки и скијање во центарот на градот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Шпанија е во хаос. Снежната бура „Филомена“ ја покри земјата.
Шпанската државна метеоролошка агенција објави дека ова е најголемиот
снег во Шпанија од 1971 година, а во Мадрид паднаа 25 до 50 сантиметри снег, што е најмногу од 1963 година.
Граѓаните скијаат низ Гран Виа, една од најфреквентните улици, а некои го времето за игри со снежни топки. Жителите ги чека тешка зима, а температурите ќе паднат до -14 степени.
Властите мораа да ја мобилизираат војската за да ги спасат луѓето заробени во автомобилите. Како резултат на снежната бура, починаа четири лица.
Пред неколку дена беше измерена најниската температура на Пиринејскиот Полуостров, -34 степени, забележана во регионот Арагонија.
Се очекува наредната недела температурите во Мадрид да паднат на -14 степени.
Извор:
6yka.com
Фото: Screenshot/Twitter