И британските универзитети се повлекуваат од „Х“
Истражување на „Ројтерс“ покажало дека неколку универзитети од Велика Британија ја намалиле употребата на платформата „X“ или целосно ја прекинале откако голем број интелектуалци ја напуштиле. Улогата на „X“, порано „Твитер“, беше во центарот на вниманието во Британија минатата година за време на насилните расни немири.
Маск, близок соработник на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, тогаш повика премиерот Кир Стармер да биде затворен и антимуслиманскиот активист Стивен Јаксли-Ленон, коосновач на екстремно десничарската Англиска одбранбена лига, познат и како Томи Робинсон, да излезе од затвор.
„Ројтерс“ ги испита профилите на „X“ на повеќе од 150 универзитети, нивните колеџи и уметнички конзерваториуми и контактираше со оние што објавија малку или никакви објави на „X“ во последните месеци. Тие изразија загриженост за дезинформации, содржини што промовираат насилство и намален ангажман на корисниците.
- Лондонската бизнис-школа постојано ги прегледува своите канали за комуникација и одлучува кои да ги користи врз основа на нивото на ефективен ангажман на корисниците - изјавил претставник на школата.
Последната објава од 182.000 следбеници на школата била објавена во септември, а треба да се напомене дека е една од најдобро рангираните бизнис-школи во светот. „Ројтерс“ првпат објави во октомври дека неколку британски полициски станици го напуштиле „X“ или ја намалиле употребата на платформата.
Универзитетското истражување сугерира уште пошироко повлекување меѓу членовите на јавните институции, иако многу универзитети сè уште редовно објавуваат на „X“. Најмалку седум од 31 колеџ на Универзитетот во Кембриџ престанале да објавуваат на „X“.
- Знаеме дека оваа платформа станува сѐ потоксична, така што ќе продолжиме да го оценуваме нашето присуство на „X“ и да ги следиме новите алтернативи - се вели во соопштението на колеџот „Хомертон“ , најголемиот универзитет по студентска популација.
Од Универзитетот во Кембриџ изјавиле дека имаат намера да продолжат да го користат „Х“, заедно со другите канали и платформи. Оксфордскиот колеџ „Мертон“ - највисокорангираниот академски колеџ на универзитетот - го избришал својот профил на „Х“.
„Харис Манчестер“ - уште еден колеџ во Оксфорд - последен пат споделил објава на 15 ноември и побарал од следбениците да го следат на други платформи, а Универзитетот во Источна Англија објавил дека неговиот ангажман на следбеници на „X“ паднал за дури 80 проценти.
Универзитетот „Фалмут“ последен пат објавил на „X“ во септември, додека Универзитетот „Плимут Марџон“ објавил дека повеќе нема да ја користи платформата. Лондонскиот универзитет „Метрополитен“ објави пад на интересот бидејќи повеќе не објавува информации.
„Бакингемшир њу универзири“ извести дека „X“ повеќе не е место каде што сака да поттикнува разговори за универзитетот. И некои врвни уметнички конзерваториуми се оддалечија од „Х“.
„Кралскиот северен колеџ за музика“ соопштил дека свесно ја насочува својата енергија на друго место, додека лондонскиот конзерваториум за изведувачки уметности „Тринити лаб“ го избришал својот профил на „X“. Кралскиот централен колеџ за говор и драма нема објавено на платформата уште од август.
Извор: tportal.hr
Фото: Freepik