Што се случува кога го надминувате крајниот рок за предавање на сработените проекти?
Има негативна страна во непочитувањето на роковите бидејќи се смета дека работата доставена подоцна е со послаб квалитет, дури и ако е на исто ниво со работата завршена навреме, а перцепцијата на работникот станува понегативна.
Сработените проекти што се поднесуваат подоцна од одредениот краен рок ќе добијат пониски рангирања дури и ако се поднесени малку над крајниот рок, а студијата покажала дека предвременото поднесување на проектот не влијае врз тоа како тој се перципира. Сè додека успешно го достигнете крајниот рок, не е важно дали е три недели претходно или три часа подоцна.
Истражувачите спровеле 18 различни експерименти во кои биле вклучени вкупно 6.982 учесници. Од волонтерите било побарано да оценат различни проекти, а истовремено им било кажано дека тие се поднесени рано, навреме или доцна.
Штетноста на влијанието на доцнењето на поднесувањето на проектите варира, но Сем Маглио, социјален психолог од Универзитетот во Торонто и неговиот колега, научникот за маркетинг во однесувањето Дејвид Фанг од Факултетот за бизнис при „Стенфорд“, откриле дека тоа е често значајно.
Во едно сценарио, користејќи скала од -3 до +3 поени, на пример, на истото дело му била дадена просечна оцена од 0,53 кога било означено како испратено навреме и 0,07 кога било означено како испратено со еден ден доцнење. Има уште лоши вести за оние што го пропуштаат крајниот рок: грижата однапред за доцнењето на проектот не прави голема разлика. На вас и на вашата работа сепак ќе се гледа понегативно.
Ако наведете разбирлива причина зошто сте го пропуштиле рокот, дел од штетата може да се поправи.
Истражувачите истакнуваат дека немањето јасност за тоа кога треба да се изврши работата може да влијае врз шансите на вработениот да остави позитивен впечаток.
- Комуникацијата околу роковите е од витално значење. Ако тоа е тежок рок за постигнување, вие како менаџер треба да ги известите вашите вработени. Ако причината поради која сте го пропуштиле рокот е надвор од ваша контрола, вие како вработен треба да го известите вашиот менаџер - заклучува Маглио.
Извор: sciencealert.com
Фото: Freepik