Совети од инструктор за возење: Златно правило за менување брзини што треба да го знае секој возач
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Без оглед на тоа колку сте искусни како возач, постојат неколку клучни совети што можат да ви помогнат да го подобрите вашето возење.
Инструкторката по возење Ени Винтербурн истакнува еден многу важен, но често занемарен совет поврзан со менувањето брзини. Таа ја нагласува важноста да се следи „златното правило“ при менувањето на брзините што може значително да го подобри вашето возење.
Овие едноставни правила не се корисни само за почетниците, туку и за искусните возачи. Кога ќе ги усвоите, вашето возење ќе биде полесно и поефикасно, а разбирањето на работата на автомобилот ќе биде многу подобро.
Еден од најважните совети што ги дава е кога сте на пострмно место, да смените една брзина подолу. Пониската брзина овозможува поголема моќност на тркалата, што е особено корисно кога се соочувате со предизвици како што е искачување угорнина.
Намалувањето на брзините овозможува и забавување на моторот, што значи дека можете природно да го забавите автомобилот без да морате прекумерно да ги користите сопирачките. Единствен случај кога треба да користите поголема брзина е кога возите на мраз бидејќи повисоката брзина му помага на автомобилот да остане постабилен на лизгави патишта.
Ова едноставно правило може да направи голема разлика во возењето правејќи го побезбедно и поефикасно.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik