Скандинавска идила - Шведска отвори луксузен пловечки хотел

Скандинавска идила - Шведска отвори луксузен пловечки хотел

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Oпкружен со шуми и студени води, новиот пловечки хотел „Арктичка бања“ во Лапонија, Шведска, е посебен.

Кога ќе видите дека неговиот централен ден е кружна конструкција што се спушта кон реката Луле, достапна само преку дрвена патека и дизајнирана да личи на кластер од трупци, уште повеќе ќе се заљубите во целата структура.

Во средината на ова пловечко здание се наоѓа огромна студена бања што нуди прилично спектакуларно спа-искуство за храбрите гости. Останатиот дел од зградата е составен од сауни и други содржини.

Хотелот има 12 соби и сите нудат неверојатен поглед кон надворешноста и имаат пријатна, минималистичка внатрешност.

Ова ново место за престој, дизајнирано од архитектите Бертил Харсторм и Јохан Каупи, е постојан дијалог меѓу природата и структурата создадена од човекот.

1
Фото: Anders Blomqvist

Дизајните на „Арктичка бања“ се појавиле на почетокот од 2018 година, а со својата впечатлива структура ги привлекуваат патниците од целиот свет.

Извршниот директор Питер Енсторм за „Си-ен-ен травел“ изјави дека преточувањето на дизајнот во реалност не е секогаш лесно - всушност тој смета дека ако тимот ги знаел техничките предизвици однапред, проектот ќе бил одложен.

Одлуката за поставување на некои од собите на копно била донесена прилично доцна во процесот. Додека градбата на копно е полесна отколку градбата на вода, Енгсторм вели дека и оваа градба има свои предизвици - да се обезбеди висината на кабината да не влијае врз минувањето на свежата вода и електричната енергија.

Кабините биле изградени над земјата за да се избегне влијанието врз животната средина, вели Енгсторм.

Хотелот „Арктичка бања“, кој е оддалечен околу еден час и 15 минути од аеродромот во Луле, е отворен и нуди кулинарство од прва класа во ресторанот на хотелот.

Велнесот е исто така важна тема за хотелот - акцентот е ставен на капењето во студена вода зашто помага при болки во мускулите.

2
Фото: Daniel Holmgren

Според Енгсторм, капењето во студена вода е една од главните атракции на хотелот, иако некои од гостите се вџашени од идејата.

- 50 отсто од гостите што доаѓаат велат: „Никогаш нема да го направам тоа“, но речиси сите пробуваат и се воодушевени - вели Енгсторм.

Други активности што се нудат се практикување јога, свесност и медитација.

Постои можност да уживате и на отворено - набљудување мечки, јавање коњи, курсеви за фотографирање на дивиот свет итн.

Во текот на зимските месеци има можност да видите еден од најневеројатните небесни феномени - поларната светлина.

3
Фото: Daniel Holmgren

Тимот на „Арктичка бања“ сака да го премости јазот помеѓу туристите и локалното население што живее во селото Харадс, а гостите ќе имаат можност да научат нешто повеќе за локалната култура со посета на домовите на локалните жители.

- На самиот почеток ги поканивме мештаните да останат со нас - вели Енгсторм. Тимот сакал заедницата да се чувствува како дома во „Арктичка бања“ и да им даде повратна информација.

Извор: travel.nine
Фото: Andres Blomqvist