Математичар пресметал дека целиот коронавирус што кружи низ светот го собира во една лименка од 330 милилитри
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Целиот коронавирус што моментално кружи низ светот би го собрал во една лименка „кока-кола“ од 330 милилитри.
Ова е заклучокот на еден математичар кога од него било побарано да пресмета колкава количина од вирусот моментално кружи низ светот.
Математичарот Кит Јетс од Универзитетот во Бат открил дека постојат околу 2 квинтилиони (или две милијарди милијарди) САРС-КоВ-2 вирусни честички во светот. Неговата пресметка покажува колку малку вирус може да има толку големо влијание врз здравствената состојба на луѓето. Во светот, бројот на заразени надмина 107 милиони, а над 2 милиона луѓе починаа.
- Неверојатно е тоа што целата неволја, нарушувањето, хаосот, тешкотиите и загубите на животи во текот на минатата година може да се соберат во една лименка што би го понудила најлошиот пијалак во историјата - вели д-р Јетс.
Доаѓајќи до својот заклучок, д-р Јетс рече дека го користел дијаметарот на САРС-КоВ-2, во пресек околу 100 нанометри, и потоа го сфатил волуменот на сферичниот вирус. Дури и земајќи ги предвид шилестите протеини на коронавирусот и фактот дека помеѓу сферичните честички ќе се формираат празнини кога ќе бидат ставени заедно, вкупниот износ и понатаму е помал од еден газиран пијалак од 330 милилитри, додава д-р Јетс.
Во ноември 2020 година австрискиот математичар Мат Паркер пресмета дека тогашното вкупно количество на коронавирусот може да го собере во една кафена лажичка.
Извор:
Independent.co.uk
Фото: Freepik