Тринидад - гратчето во кое живее вистинскиот дух на Куба

Тринидад - гратчето во кое живее вистинскиот дух на Куба

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Хавана е можеби најпознат град во Куба, но малечкиот Тринидад е волшебен. Со своите улици со калдрма, палати во пастелни бои од 18 и 19 век и негувани барокни елементи, градот стар 500 години, запишан на списокот на УНЕСКО, е еден од најубавите колонијални градови.

Ако поминете покрај ламбите од ковано железо на „Плаза Мајор“ кон автобуската станица и го побарате човекот кој седи, ќе го најдете Луис Мартинез. Овој човек има напишано повеќе од 3.000 песни за градовите и знаменитостите низ светот. Со живописни детали и точност го опишува секое место што го видел со свои очи.

3

2

Сепак, Мартинез никогаш не ја напуштил Куба. Последните 20 години работел како портир на автобуската станица во Тринидад, разговарал со туристите во текот на денот и проучувал стари атласи, како начин да го види светот.

Многу долго Кубанците како Мартинез можеле само да се прашуваат што има преку водата. По револуцијата во 1961 година, тогашниот претседател Фидел Кастро вовел строги ограничувања на патувањето, насочени кон спречување на Кубанците масивно да ја напуштат земјата.

Забраната остана во сила повеќе од 50 години, односно до 2013 година, кога тогашниот лидер Раул Кастро го укина законот со кој сите граѓани што сакаа да патуваат во странство требаше да бараат дозвола од владата.

тринидад

4

Но, на многу Кубанци, како Мартинез, што биле деца кога земјата ги затворила своите граници и сега едноставно немаат средства да патуваат во странство, читањето книги и проучувањето мапи им се единствениот начин да го напуштат островот.

7
Фото: Instagram

Денес, иако Мартинез вели дека повеќе не е здрав како порано, продолжува да пишува, да запознава нови пријатели и на тој начин да го запознава светот.

Извор: ВВС
Фотографии: Pixabay