Во Кина ќе се гради населба без автомобили, посветена на образованието и иновацијата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Градот на иднината“ во Ченгду,
Кина, е план за изградба на населба од 4,6 квадратни километри посветена на образованието и иновацијата. Населбата е дизајнирана од архитектонското студио ОМА.
Таа ќе вклучува шест групи згради што се моделирани според традиционалните населби во градот, а секоја од овие зони ќе се вклопува во природата во околината. Во новата населба ќе има згради за домување, државни седишта и комерцијални и јавни места. Автомобилите ќе бидат забранети во секоја зона, а жителите ќе може да пристигнат во населбата користејќи специјална мрежа од автономни возила.
Предлогот за населбата на ОМА бил одбран на натпревар за дизајнирање на „Градот на иднината“ во Ченгду. Населбата ќе вклучува и меѓународен образовен парк наменет за универзитетите. Овој парк, исто така, ќе биде дизајниран од ОМА.
Во паркот од 460.000 квадратни метри ќе бидат сместени повеќе универзитети, лаборатории, канцеларии и студентски домови. Во централната зграда ќе има библиотека и студентски центар, како и аудиториуми и места за работа.
Автор. Лизи Крук
Извор:
dezeen.com