Привремено се укинува бесплатното возење во ЈСП за ученици, студенти и пензионери
Бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз нема да важат во наредните две недели, почнувајќи од утре.
Како што соопшти ЈСП Скопје, привремено нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год., мажи со 64 год.) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на жичницата на Водно.
- Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е привремена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки - се истакнува во соопштението.
Извор: МИА