Уметник со 200.000 капачиња од шишиња го направил првиот екомурал во Венецуела

Уметник со 200.000 капачиња од шишиња го направил првиот екомурал во Венецуела

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Многу уметници од целиот свет почнаа да ја насочуваат уметноста кон проблемот со климатските промени. Така, 23-годишниот Оскар Оливарес од Венецуела им го привлече вниманието на медиумите откако направи огромен мурал од капачиња од шишиња.

Оскар успеал да го создаде овој импресивен мурал во соработка со организацијата „Окоспири“.

- Отсекогаш сум ја користел уметноста за да го искажам она што го чувствувам и мислам. Среќен сум кога цртам или сликам и сакам луѓето што ја гледаат мојата уметност да ја чувствуваат истата среќа што ја чувствувам јас во текот на креативниот процес. Да бидам искрен, на крајот, не донесов одлука да станам визуелен уметник - тоа е нешто што сум, а ако не станев уметник, ќе бев сосема друга личност - вели Оливер.

2
Фото: Oscar Olivares

4
Фото: Oscar Olivares

За создавање на муралот му биле потребни 2,5 месеца и 200.000 различни пластични капачиња. Муралот е долг 45 метри. Неговата најкратка точка е 3,5 метри, а највисока 7,25 метри.

- Иницијативата дојде од „Окоспири“ - оттаму ме поканија да учествувам како уметник на проектот за создавање на првиот екомурал во Венецуела со употреба на капачиња од шишиња. На почеток звучеше невозможно, но направив неколку истражувања кои ми помогнаа да сфатам дека не само што е возможно, туку е и импресивно, па затоа и вреди - вели Оливер.

3
Фото: Oscar Olivares

5
Фото: Oscar Olivares

Во текот на 2,5 месеца тимот поминал низ многу чекори за реализација на муралот. Крајниот резултат бил прекрасна шарена композиција на папагали макау во нивното природно живеалиште. Освен папагалите, муралот вклучува сончогледи, планини од националниот парк Ел Авила и неколку згради што тонат во зелените ливади под ѕвезденото небо, како и други мали елементи.

6
Фото: Oscar Olivares

7
Фото: Oscar Olivares

- Муралот почнува со градот Каракас навечер со „арепа“ месечина. „Арепа“ е најтипичната храна на Венецуела и нешто што ги поврзува сите луѓе во земјата - и богатите и сиромашните. На небото, инспирирано од Ван Гог, можете да видите две НЛО, што ја претставува нашата поврзаност со вселената. Потоа, имаме сончогледи со најважниот дел од муралот, четирите папагали во различна големина и перспектива, кои летаат наоколу. На крајот од муралот го гледате дрвото арагуанеј, кое е национално дрво - Оскар ја објаснува симболиката што стои зад муралот.
Муралот наводно е еден од најголемите еколошки мурали во Јужна Америка и прв од ваков вид во Венецуела. Идејата  е да се подигне свеста кај жителите на Каракас и пошироко во земјата, за еколошките проблеми со кои се соочува земјата.

8
Фото: Oscar Olivares

Извор: Bored Panda
Фото: Oscar Olivares