10 години по нуклеарната катастрофа во Фукушима, двајца мажи живеат таму и се грижат за напуштените домашни миленичиња
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кога облаци од радијација почнале да се шират низ воздухот околу нуклеарната централа Фукушима, на 160.000 жители им било кажано да го напуштат градот.
Сепак, се чини дека само 159.998 жители ги послушале властите. Во областа останале само двајца - Наото Мацамура и Сакае Като. Очигледно во градот живееле двајца мажи чија љубов кон животните била посилна од љубовта кон себеси; овие мажи не сакале да ги остават животните да гладуваат.
Живеејќи во
забранетата зона околу оштетениот реактор, двајцата мажи, кои не се познавале и живееле сами, се грижеле за десетици животни кои биле оставени кога бил даден налог за евакуација.
57-годишниот Като има околу 40 мачки кои живеат со него во неговиот дом во планините, заедно со уште едно куче скитник што Като го посвоил. Като вели дека ќе остане со своите мачки и ќе им обезбеди удобност во текот на целиот живот.
Фото: Screenshot/YouTube
Дарежливоста на Като не е ограничена само на неговите животни, туку тој ги храни и локалните диви свињи, кои владата ги смета за штетници.
Мацамура, пак, на почетокот го напуштил градот, но по кратко време се вратил по своите животни. Откако се вратил, сфатил дека миленичињата и добитокот на другите луѓе сѐ уште се таму, па почнал да се грижи за многу животни, вклучувајќи свињи, мачки, кучиња, коњи, ноеви и крави.
Кога првпат се евакуирал, дел од членовите на неговото семејство му рекле дека не може да остане со животните поради ризик од контаминација. Камповите надвор од забранетата зона брзо се пополнувале.
Во 2015 година Мацамура се вратил во забранетата зона и сфатил дека локалните кучиња миленици немале јадено неколку дена. Откако станало јасно дека никој нема да се врати во соседството, тој отишол и ги одврзал кучињата од синџирите и ги пуштил кравите од шталите и ги нахранил, со што подоцна го добил прекарот - чувар на животните во Фукушима.
Според научниците од Јапонската национална вселенска агенција, Мацамура е исто така е најозрачениот човек на Земјата. И покрај тоа, тие му кажале дека ќе поминат 30-40 години пред зрачењето да му го уништи организмот.
Тој го финансира хранењето на животните преку локални донации и ги известува луѓето со новости на својот блог, каде што објавува со употреба на соларна енергија, иако живее без стабилна електрична енергија или вода.
Сè што прават и Като и Мацамура е технички нелегално, а полицијата им нареди на двајцата да ја напуштат областа. Сепак, тие не ги слушаат барањата на владата и планираат да останат таму со своите животни.
Фото:
Facebook