Зошто нашето тело сака да спие?
Подготвил:
Тамара Мисирлиевски
Поминуваме третина од денот во спиење. Спиењето е многу повеќе од пасивна активност; тоа време ни е потребно за да го исчистиме умот и да го обновиме нашето тело. Ако не добиваме доволно сон, стануваме когнитивно неспособни исто како да сме пиеле алкохол.
Џан Дием од познатата „Huffington Post“ создаде интересен инфографик во кој објаснува што прави телото во тие часови на одмор.
Постојат четири фази на спиењето, а потребни се околу 90 до 110 минути за да го завршите целиот циклус, што значи околу пет циклуси во текот на ноќта.
Првата фаза се случува во првите 5-10 минути од циклусот на спиење. Во овој циклус најлесно е да се биде буден и вашите мускули започнуваат да се релаксираат. Токму во оваа фаза може да се чувствувате како да паѓате.
Втората фаза опфаќа околу половина од циклусот, и трае околу 45-50 минути. Доколку сте будни во текот на оваа фаза, ќе се чувствувате дезиорентирани. Дишењето станува релаксирано и забавено, а температурата на телото опаѓа, со што на телото му дава пауза. Исто така, се намалува нервната активност во текот на овој период, со што телото се подготвува за следниот циклус.
Третата фаза е кога се случува длабокиот сон и трае 20 минути. На телото му се дава шанса да се обнови. Мозочните бранови стануваат бавни и постојани, а мускулите и ткивата се „поправаат“ и се лачат хормони низ телото. Во оваа фаза е најверојатно да зборувате или одите во текот на сонот. Многу е тешко да се разбуди човек во текот на оваа фаза.
Брзото движење на очите или најпознато како РЕМ е завршната фаза од циклусот, која трае околу 20 минути. Иако очите се затворени, тие се двиат многу брзо под очните капаци. Мозочната активност е на високо ниво и токму во оваа фаза се случува сонувањето. Сепак, мускулите се парализирани и спречуваат секакви движења.