Везените тетоважи се нов хит и не се гадни како што звучат
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Што имаат заедничко тетоважите и везењето? Досега беа само иглите и ништо повеќе, но неодамна омилената рачна изработка на нашите баби стана инспирација за тату-мајсторите.
Тие смислија везени тетоважи кои веднаш станаа хит. И не, не се везе на кожата.
Техниката на тетовирање е таква што тие на крајот изгледаат речиси како 3Д, како навистина да се извезени на кожата. Освен традиционалните слики, тука се и оние со малку посовремен дизајн.
Погледнете како
изгледа тоа.