Романтични комедии во кои ликовите одржуваат врска на далечина
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
На поголемиот дел од населението му е тешко да живее во изолација. На тема љубов, наоѓањето совршен партнер секако беше тешко и пред пандемијата, а сега станува уште покомплицирано со оглед на тоа што никој не е охрабрен да комуницира со непознати, а уште помалку да им се приближува. Оваа ситуација е привремена, но сепак застрашува.
На
филм многу главни ликови ја доживеале љубовта на далечина. Некои дури се вљубиле без да се видат. Следниве романтични комедии имаат токму такви приказни.
„Те чека мејл“
Кетлин, која ја толкува Мег Рајан, има книжарница во Њујорк. Во љубовниот живот таа се обидува да го пронајде својот идеален партнер на интернет и така почнува виртуелна врска со маж кој го игра Том Хенкс. Двајцата негуваат онлајн-врска и ќе одлучат да се сретнат дури подоцна во филмот.
„Врска на далечина“
Ерин, која ја толкува Дру Беримур, е практикант во еден весник. Таа се запознава со Герет (Џастин Лонг), со кого ќе започне врска. Но, наскоро ќе мора да се разделат и ја продолжуваат врската на далечина.
„Како луд“
Ана и Џејкоб имаат љубовна афера во САД. Кога Ана, која е од Велика Британија, ќе биде принудена да се врати дома поради истекувањето на нејзината виза, таа одлучува да остане уште неколку месеци во САД за да биде со Џејкоб. Тоа ќе ја чини многу бидејќи нема да може повторно да влезе во САД. Младиот пар мора да продолжи врска на далечина со сите други проблеми, како проблеми со администрацијата, љубомора и предавство.
„Таа“
Теодор Томбли е херојот во оваа романтична комедија сместена во иднината. Теодор поминува низ развод и несвесно се вљубува во софтвер кој го инсталира на телефонот. Гласот на апликацијата го дава Скарлет Јохансон.
„Со љубов, Роузи“
Роузи и Алекс се пријатели од детството. Но, нивните различни животни патеки ќе ги раздвојат географски и сентиментално. Сепак, тие постојано мислат еден на друг во период од 12 години. Дистанцата не го уништува нивното пријателство.
Автор: Манон Марсила
Извор:
konbini.com
Фото:
Facebook