Анкета за студенти: Кој професор најдобро се снаоѓа со онлајн-наставата?
Професијата просветен работник во последните месеци, со појавата на коронавирусот, целосно се трансформира. Како да се одржи врската со студентите, како да им се пренесе знаење кога не сте присутни во иста просторија, како да ги оцените, охрабрите... Дел од нив немаат услови за учење на далечина, како да им помогнете?
Ова се само дел од предизвиците со кои секојдневно се соочуваат професорите. Дел од нив одлично се снаоѓаат во оваа улога. Да ги наградиме најтрудољубивите, најкреативните со убави зборови и благодарност. Студенти, ве молиме одговорете на оваа кратка анкета за да ги дознаеме имињата на оние херои-професори што ви се инспирација во овие тешки времиња.
Ви благодариме
* Оваа анкета не е на научна основа