На ова тајно место се наоѓаат некои од најсмртоносните работи на светот

На ова тајно место се наоѓаат некои од најсмртоносните работи на светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Добредојдовте во тајната британска лабораторија во која се проучува заштитата од хемиско оружје, балистика, експлозиви и кибернетичка безбедност.

Би-би-си доби дозвола да го посети Портон Даун. На новинарот Френк Гарднер му било дозволено да види како изгледа таа таинствена установа од четврт степен. Станува збор за степен што подразбира дека екипата од Одбранбената лабораторија за наука и технологија ги анализира најсмртоносните вируси во светот, како еболата и вирусот марбург.

Репортерот Френк Гарднер таму имал средба со еден од научниците.

Во зградата за биолошка изолација се чуваат патогени од четврт степени, односно најопасните, што можат да убијат. Најблиску што некој однадвор може да се приближи до лабораторијата од трет степен е погледот низ малиот кружен прозорец. Зад прозорецот се наоѓа лабораторијата во која се работи со живи бактерии на бубонска чума.

- Овде се работи на проект за нови антибиотици и заштита на персоналот во Велика Британија, во кои се користат и бактерии на бубонска чума - вели Рори, еден од најмладите научници во Портон Даун.

Заразените од бубонска чума страдаат од треска, повраќање и отечени лимфни јазли и во крајна линија можат да умрат. Но, ова е само еден од многуте смртоносни патогени што тука се истражуваат. Надолу по ходникот има црвени врати, зад кои се наоѓа четвртото ниво. Ова е највисоко ниво на изолација и тука се работи на најопасните патогени вируси.

Контактот со вирусите на ебола и марбург предизвикува силна реакција и може да биде фатален, така што научниците поминуваат низ ригорозна безбедносна процедура секој пат кога ќе влезат и излезат. Френк Гарднер е првиот кој добил шанса да ја види лабораторијата.

- Се навикнавме постојано да ги користиме ракавиците, ги вадиме и ставаме неколку пати дневно. Така сфатив дека хидратантната крема е доста корисна работа, а мојата работна маса е полна со различни видови креми - објаснува Рори.

Во толку строго чувана лабораторија, научниците потврдиле дека нервниот отров новичок бил употребен за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаља и неговата ќерка. На прашањето дали тој случај е еден вид предупредување за луѓето што работат во Портон Даун, Рори вели:

- Тоа е дел од нашата работа, затоа сме тука. Си ја вршиме работата најдобро што умееме.

Сето ова споменато е само мал дел од работата што се извршува тука. Во Портон Даун, научниците се занимаваат и со балистика, експлозиви, кибернетичка безбедност и одбрана од хемиско оружје.

Во една од стаклените и изолирани лаборатории се наоѓа „Човекoт од Портон“, робот-кукла облечен во заштитно одело со внатрешни сензори, кој тестираат дали е отпорно на нервни отрови. Роботот кој личи на човек ги симулира движењата на војниците во акција. Неодамнешните напади во Сирија покажаа потреба за вакви истражувања.