Словенечка компанија го произведе првиот комплетно електричен и сертифициран авион
Словенечката компанија „Пипистрел“ го произведе првиот 100 отсто електричен сертифициран авион.
Се работи за мал спортски авион, комплетно напојуван од батерија, за кој Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) смета дека ги исполнува највисоките стандарди за безбедност во летањето.
Од компанијата изјавија дека во некои сегменти ова летало има далеку подобри безбедносни карактеристики од конвенционалните летала. Инженерите на компанијата уште од 2007 година работат на развој на електрични летала, а со овој успех сметаат дека направиле историја.
Авионот наречен „велис електро“ веќе се произведува за купувачи во седум држави, а од „Пипистрел“ најавуваат дека првично ќе се изработат 31 авион.
- Сертификатот кој го добивме е првиот чекор кон комерцијална употреба на електрични авиони, а ова е есенцијално доколку сакаме еколошки авиосообраќај. За разлика од другите, нашиот не произведува штетни гасови - изјави основачот и извршен директор на „Пипистрел“, Иво Баскарол.
Дел од словенечките медиуми напишаа дека со овој електричен авион „Пипстрел“ ги претркал гигантите „Боинг“ и „Ербас“.
Извор: МИА