Како да откриете дали имате злонамерни апликации на вашиот телефон

Како да откриете дали имате злонамерни апликации на вашиот телефон

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Една функција на „Гугл“ може да открие дали имате опасни, злонамерни апликации на вашиот уред.

Апликациите што содржат злонамерен софтвер може да предизвикаат сериозни оштетувања и проблеми - тие можат да ве шпионираат, да ви ги украдат податоците, па дури и парите и може да го забават вашиот уред.

„Гугл плеј протект“ ви нуди можност да ги идентификувате таквите лажни апликации и да ги избришете. Тоа е карактеристика што е многу лесна за користење, а потребно е многу малку време.

Што да направите?

Отворете „Гугл плеј стор“ -> кликнете на иконата на профилот во горниот десен агол -> отворете „Плеј протект“ -> „Подесувања“ -> вклучете „Скенирај апликации со Плеј протект“.

Сите апликации што сте ги презеле преку „Плеј стор“ ќе бидат скенирани. Меѓутоа, ако сте презеле некои апликации од други извори, можете да ја вклучите опцијата „Откривање штетни апликации“ во менито за поставки (eng. Harmfull App Detection).

Овој процес на скенирање треба да трае само неколку секунди. Доколку биде откриена злонамерна апликација, на корисникот ќе му биде предложено да преземе нешто во врска со тоа. Во тој случај, можете да ја деинсталирате апликацијата за да спречите некаква штета.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik