Почна снимањето на последната сезона од вашата омилена серија

Почна снимањето на последната сезона од вашата омилена серија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Популарната серија „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel) ќе го добие своето петто продолжение, а оваа сезона воедно ќе биде и последна.

Веста ја потврди и „Нетфликс“ на својот твитер-профил, кој со фотографија од скршена маска на Салвадор Дали, каква што носат главните ликови, вели дека на грабежот му доаѓа крајот.

Поради пандемијата на коронавирусот, снимањето на петтата сезона беше одложено, но творецот на серијата Алекс Пина потврди дека конечно почна снимањето. Иако од продукцијата претходно тврдеа дека серијата ќе има барем уште два дела, се чини дека го промениле мислењето.

- Во новата сезона ќе ја тргнеме стратегијата на играње шах во воена состојба. Главните ликови ќе бидат во ќош и ќе се најдат во ситуации што нема да можат да ги избегнат - вели Пина.

Извор: Remezcla.com
Фото: Twitter