Ова се најсмртоносните земјотреси во 21 век
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
На 8 септември силен земјотрес го погоди Мароко. Со епицентар во планината Атлас и голема штета во историскиот центар на градот Маракеш, земјотресот со магнитуда од 6,8 степени зеде илјадници животи.
Можеби некогаш сте се запрашале кои се најсмртоносните земјотреси во поновата историја. Одговорот е во продолжение.
Хаити, 2010 година
На 12 јануари 2010 година земјотрес со јачина од 7 степени го погоди главниот град на Хаити, Порт о Пренс. Епицентарот на земјотресот беше помалку од 10 километри под површината. До крајот на месецот, откако островот беше погоден од 52 афтершокови, катастрофата однесе повеќе од 300.000 животи. Ова е најсмртоносниот земјотрес во 21 век, досега.
За поголема резолуција, кликнете на фотографијата
Индонезија, 2004 година
На 26 декември 2004 година земјотрес со јачина од 9,1 степени ја стресе Индонезија, а епицентарот беше во близина на брегот на земјата, длабоко под океанот. Ова е најјакиот земјотрес забележан во овој век и од 1900 година досега. Потресот го предизвика најлошото цунами некогаш забележано, земајќи 230.000 животи, главно во Индонезија, Шри Ланка, Тајланд и Индија.
Трет на листата со најсмртоносни земјотреси е оној од мај 2008 година во Кина, кој беше со јачина од 7,9 степени, а зеде речиси 88 илјади животи.
На четвртото место е земјотресот од октомври 2005 година што го погоди Пакистан. Овој земјотрес беше со јачина од 7,6 степени и резултира со околу 76.000 загубени животи.
На петтото место е неодамнешниот земјотрес што ги потресе Турција и Сирија, а беше со јачина од 7,8 степени. Овој земјотрес зеде речиси 57.000 животи.
Извор:
Visual Capitalist
Насловна фотографија: Unsplash