Погледнете како една жена изврши трансплантација на крилoто на една пеперутка
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кејти Ванбларикум од САД е сопственичка на „Инсект Арта“ и се занимава со операции на пеперутки веќе неколку години. Вели дека за поправка на крилјата на пеперутката се потребни неколку минути, но никогаш претходно ваквите поправки не ги правела на жива пеперутка. Таа се занимава со поправка на починати пеперутки што подоцна ги претвора во мали уметнички дела и накит. Но, повикот за помош од канадската зоолошка градина не можела да го одбие. Вработените ја замолиле да изведе операција на повредена пеперутка, која сè уште била жива, за повторно да може да лета.
Кејти го прифатила предизвикот и се впуштила во нова авантура. За неколку минути повредената пеперутка добила ново крило, но ѝ биле потребни уште неколку дена за целосно да закрепне и да летне. По четири дена
пеперутката била подготвена за пат. Погледнете како изгледа операцијата.