Земјотрес од 5 степени измери Сеизмолошката опсерваторија попладнево
По земјотресот кој граѓаните на земјава го почувствуваа рано утринава, Телеметриската сеизмолошка мрежа одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше уште еден земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово во 15 часот и 25 минути. Епицентарот на овој земјотрес вил 50 километри југозападно од Скопје. Земјотресот, информираат од опсерваторијата, бил со локална Рихтерова магнитуда од 5 степени.
Според досегашните податоци земјотресот најсилно е почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со интензитет од 5-6 степени според Европската макросеизмичка скала, Дебар и Кичево со интензитет од 5, во Тетово и Скопје со 4 степени, а во Струга, Охрид, Битола, Прилеп и околината со 3-4 степени според истата скала.