Американски инфлуенсер осуден на 14 години затвор поради изнуда

Американски инфлуенсер осуден на 14 години затвор поради изнуда

Инстаграм-инфлуенсер од САД е осуден на 14 години затвор поради шема со која уценувал и принудувал интернет-корисници да се откажат од веб-домејни што тој сакал да ги поседува, соопшти американското Министерство за правда.

Роси Лоратио Адамс, со прекар Поло или Стејт Снепс, од 2015 година имал повеќе профили на „Инстаграм“ и други платформи, додека бил на факултет на Државниот универзитет на Ајова. На нив обично имало спорни и сексуално експлицитни содржини, често со девојки од самиот факултет. Еден од профилите имал 1,5 милиони следачи.

Проблемите започнале кога Адамс посакал да го купи хаштагот #DoItForState – во сопственост на Итан Дејо. Цената на домејнот doitforstate.com била 20.000 долари, па договорот, и по две години преговарање, не се случил.

Потоа Адамс прешол кон заплашување и закани. Прво – преку интернет, а потоа се појавил и на неговата врата…

Потоа, летото 2017 година, Адамс испратил свој роднина да провали во домот на Дејо и заради закана да му го предаде домејнот. Натрапувањето преминало во престрелка, при што Дејо е погоден во нога, а роднината на Адамс се здобил со неколку рани во пределот на градите. Обајцата преживеаја.

„Посреднкот“, покрај Адамс, исто така е осуден на затворска казна откако признал вина. Адамс е уапсен во април годинава.

Извор: МИА