Избришаните сцени од божиќниот филм „Всушност, љубов“
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Речиси по 20 години од премиерата, филмот „Всушност, љубов“ (Love actually) сè уште претставува омилен божиќен филм на многумина. Меѓутоа, малкумина знаат дека во филмот биле планирани уште две сцени, но биле избришани. Во едната сцена имало постара лезбиска двојка, додека во другата имало маж и жена во Африка.
Овие сцени не биле вклучени во конечната верзија во која глумат многу познати актери, меѓу кои и Хју Грант, Колин Фирт, Кира Најтли и Лијам Нисон.
Во првата избришана
сцена се покажуваат директорката на училиштето и нејзината болна партнерка, која умира токму пред Божиќ.
Втората избришана сцена е сместена во Кенија и ја следи приказната на маж и жена што се бореле со глад. Тешко е да се каже дали овие сцени би го смениле филмот, но веројатно би го направиле поразновиден.
Автор: Лореал Блекет
Извор:
bustle.com
Насловна фотографија: Screenshot/
Youtube