Симулација го покажува изгледот на Млечниот Пат во наредните 400.000 години
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Европската вселенска агенција создаде симулација од изгледот на Млечниот Пат во следните 400.000 години. Симулацијата вклучува 40.000 ѕвезди кои се на оддалеченост од најмногу 325 светлосни години од нашето Сонце.
Секоја светла точка во симулацијата претставува вселенско тело, а секоја трага го покажува предвиденото движење на вселенското тело низ галаксијата во иднината. Посветлите и побрзите траги се поблиску до нашиот Сончев Систем.
На симулацијата изгледа дека во подалечната иднина повеќето ѕвезди се собираат кон десната страна, додека левата останува попразна. Ова е поради движењето на нашето Сонце, кое прави
ѕвездите да изгледаат собрани во спротивната насока од движењето на Сонцето во галаксијата.
Симулацијата била направена со помош на најнови податоци собрани од сателитот „Гаја“, кои неодамна додадоа околу 100 милиони нови вселенски тела на галактичките мапи.
Автор: Бред Берган
Извор:
interestingengineering.com
Насловна фотографија: Screenshot/
Youtube