Работник бил на лажно боледување цели 35 години

Работник бил на лажно боледување цели 35 години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Карло Кани од Италија бил наводно болен уште од далечната 1980 година до моментот кога ги исполнил потребните услови за пензионирање.

Кани, кој е рудар, уште од 1980 година отишол на боледување поради клаустрофобија. Тоа се 35 години! Од боледување никогаш не се вратил на работа и во 2006 година директно заминал во пензија. За работите да бидат уште побизарни, тој работел неколку дена пред да оди на доктор да се жали дека му е тешко на работа.

- Рударството никогаш не ми се допаѓаше. Признавам, отидов во пензија не работејќи ништо. Секогаш работев разни работи само за да не слезам долу во јамата. Во тоа многу ми помогнаа нашите доктори - вели Карло.

Во текот на 35 години тој на различни начини се извлекувал за да го продолжи боледувањето - прво почнувајќи со клаустрофобија, па хемороиди, амнезија, а кога немало повеќе болести, си ставал прашина од јаглен во очите за да изгледа болен.

- Главно седев дома и слушав џез. Многу ја сакам таа музика. Во последните неколку години уживав седејќи на фотелјата и не работејќи апсолутно ништо - вели тој.

Медиумите во Италија едвај го дочекале овој случај за да ги прикажат многуте дупки во законот за работа кој Италијанците и тоа како го користат за да живеат на сметка на државата.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik