Инженер на НАСА открива како да ја одмрзнете шофершајбната
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Замрзнатата шофершајбна наутро може да ви потроши многу време, но постои едноставен трик за брзо одмрзнување без страв од оштетување.
Може да биде многу стресно кога брзате на работа и гледате дебел слој мраз на вашиот автомобил. Наместо да доцните, можете едноставно да го следите овој совет од поранешен инженер на НАСА.
Првото нешто што треба да го направите е да влезете во автомобилот и веднаш да го вклучите греењето. Следно, треба да ја вклучите климатизацијата, што ќе помогне да се апсорбира преостанатата влага во автомобилот.
Откако ќе завршите со ова, не заборавајте да го исклучите копчето за циркулација на воздухот во автомобилот. Ова е важно затоа што кога оваа функција е вклучена, влагата останува заробена внатре.
Последниот чекор е малку необичен бидејќи треба да ги отворите прозорците од автомобилот, но само малку. Ова всушност ќе помогне да се замени влагата во автомобилот со сув воздух однадвор и со тоа полесно ќе се одмрзне шофершајбната.
Ако ги следите овие чекори, успешно ќе го одмрзнете автомобилот.
Извор:
Net.hr
Фото: Screenshot/Tik-tok